ФОТО: Македонија повторно се најде во гинисовата книга на рекорди!

Мешаното сирење на Млекара Здравје Радово, беше дел од Најголемата шопска салата во светот која влезе во Гинисовата книга на рекорди! Најголемата Шопска салата беше подготвена во хотелот „Гарден“ во Охрид.  За постигнување на рекордот беа потребни повеќе од десет часа работа и над 40 килограми Мешано сирење Здравје. Се исечкаа 80 килограми домати, 80 килограми краставици и 20 килограми кромид. Најголемата Шопска салата во светот на крајот тежеше над 202 килограми.

Подготовката ја следеше комисија на Гинис со претставници од пет држави, а досегашниот рекорд во Шопска салата го држеше Бугарија, со 86 килограми. Интересно е во оваа прилика е да се напомене дека за прв пат на пазарот, Млекара Здравје Радово го пласираше производот Мешано сирење, добиено од кравјо и овчо млеко како посебен производ.  Денес веќе е незамисливо за консументите на квалитетни млечни производи, да помине денот без Мешано!  

Коментари

Популарно