ИМАТЕ ЈУГО - Тогаш сигурно знаете зошто ќе одите во Рајот

Лeгендарниот бренд-Југо на производителот Застава е широко познат, но за жал поради своите мани и недостатоци, а Американците дури го прогласиле на најлош автомобил во историјата. Постарите велат дека доколку научиш да возиш Југо, тогаш можеш да возиш секаков автомобил. Во врска со овој автомобил народот осмислил голем број шеги на сметка на Југото. Еве некои од најсмешните:

1. Зошто сопствениците на Југо одат во рајот?- Во пеколот веќе биле.

2. Зошто сопствениците на Југо никогаш со себе не носат мапа?- Затоа што никогаш нема да стигнат толку далеку за да залутаат.

3. Што се наоѓа во задните две страници на упатството за користење на Југото?- Правила за возење на градски автобус.

4. Како се нарекуваат кочниците на Југото?- Додатна опрема.

5. Како да ја зголемите цената на Југото?- Наполнете го резервоарот.

6. Која е најголемата желба на сопственикот на Југо?- Да си купи автомобил.

7. Како се вика Југо на врв на брдо?- Чудо!

Коментари

Популарно