(ВИДЕО) Девојка 50 часа бакнуваше автомобил, па и го дадоа бесплатно

Дилини Јајасурија е победничка на бизарно натпреварување во кое учествуваа 20 луѓе. Таа освои нова КИА Оптима LX. Слични натпреварувања имало и порано.

30 годишната Дилини Јајасурија од Остин, Тексас ја освои новата Киа. Возилото го доби откако го бакнуваше 50 часа. Киа натпреварувањето започна во понеделникот наутро, а во него учествуваа 20 луѓе. Правилата беа кристално јасно. Последната личност која по 50 часа ќе го бакнува возилото, ќе го добие бесплатно. Ако се случи после 50 часа да останат повеќе луѓе, победникот се бира со извлекување. Натпреварувачите имале пауза од 10 минути на секој час така што можеле да одморат или да се напијат вода. Во понеделникот навечер пет натпреварувачи се откажаа или беа дисквалификувани поради непочитување на правилата. Во вторникот останаа 11 натпреварувачи.

-Добив меури на усните, се пожали натпреварувачката Алисија Џанџакомо(21). На еден од натпреварувачите многу му поцрвене носот. Некои натпреварувачи автомобилот го бакнуваа со затворени очи, а други на ушите имаа слушалки и слушаа музика.

Откако поминаа 50 часа останаа уште седум натпреварувачи. Дилини Јајасурија имаше среќа и извлечено беше нејзиното име. За останатите натпреварувачи имаше утешителни награди, односно карти за концерт. Ова не е прво вакво натпреварување, Кина слично воведе уште во 2007 година. Ова натпреварување различно, затоа што се пренесуваше на Фејсбук.

Коментари

Популарно