(ВИДЕО) Шиша со секира, оди па "дај му глава"

Овој фризер од Новосибирск станал познат по својата необична техника на шишање. Имено, Данил Истомин шиша со секира. Тој твдри дека полесно му е да користи секира од ножици.

"Само зедов во обѕир некои основи на геометријата, ги искомбинирав со својата професија и ги поместив аглите во малку поразлични варијанти", вели Данил. Тој главите на муштериите ги става на трупче, така имал подобар пристап до косата. Дали би отишле кај Данил да ви направи фризура? Прво погледнете го видеово па одговорете:

Коментари

Популарно