ЧУДО ЗА ИМУНИТЕТОТ - Лекарите ја препорачуваат во неограничени количини

Доцната есен е сезоната кога успева чичоката, вид на див компир или позната уште како Ерусалимска артичока.

Лекарите ја препорачуваат, сирова или варена, во секојдневната исхрана и тоа во неограничени количини, бидејќи истата е многу здрава.

Посебно се советува да биде конзумирана од дијабетичарите, бидејќи чичоката содржи олиго-фруктозен инсулин- растворлив полисахарид ослободен од скроб, кој има супстанци кои се корисни за организмот, го одржува имуниот систем во функционална состојба и спречува настанување на инфекции.

Чичоката е богата со витамин А, Ц и Е, кои заедно со флавоноидите како и каротенот ги блокираат слободните радикали и така штитат од воспаленија и настинки.

Заради високото количество на калциум, чичоката е мелем за цврсти коски, а интересно е што чичоката е еден од најбогатите извори на железо.

Таа е значаен извор на фолна киселина која помага во правењето на црвените крвни зрнца во организмот и крвта

Чичоката го чува срцето, го одржува коренот и косата, а бидејќи содржи мало количество калории, се препорачува и на сите кои сакаат да ослабат.

Коментари

Популарно