Манчестер Сити без Браво до крајот на сезоната

Голманот на Манчестер Сити, Клаудио Браво најверојатно ќе го пропушти остатокот од сезоната, односно последните пет натпревари од Премеир лигата за неговата екипа. Тој на синоќешниот дуел против градскиот ривал Манчестер Јунајтед се повреди во 79.минута и беше заменет со Вили Кабаљеро.

– Браво се повреди и сигирно ќе биде неколку недели надвор од теренот, изјави по дуелот менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Голема е веројатноста Браво во следната сезона да биде „втор голман“ на Манчестер Сити, особено што Гвардиола не е во целост задоволен од неговите настапи. Браво оваа сезона дојде од Барселона.

Можна замена за следната сезона е голманот на Сандерленд Џордан Пикфорд.

Коментари

Популарно