(ВИДЕО) Ѓорчев: Вчера беше тежок ден за Македонија, реакцијата беше човечка

Вчера беше тежок ден за Македонија, за процедурите и за демократијата. Се надевам дека ќе се смират страстите.

- Не е добро тоа што се случуваше во собранието – измена на процедури и насилство врз пратеници, граѓани, полицајци. Тежок ден. Демократијата и собранието се институции каде се се решава со дијалог а н со насилство. Реакцијата во тие моменти е човечка. Имаше повредени граѓани, полицајци, пратеници, имаше чад, требаше да се носи вода... Луѓето си помагаа. Треба да се почитува колегијалноста – рече Владимир Ѓорчев.

Тој смета дека изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието не е во согласност со деловникот и Уставот.

Интервјуто со Владимир Ѓорчев го направи Јулијана Николовска. Погледнете го во видеото.

Коментари

Популарно