Прозборе за разводот: Сопругата на Саша Поповиќ откри што може да и го уништи бракот!

Сузана Јовнаовиќ со гордост потенцира дека е сопруга на директорот на Гранд, Саша Поповиќ.

Со оглед на тоа дека неодамна се разведе продуцентот на Гранд, Сузана истакна што може негативно да влијае на нејзинот брак.

Нашиот брак само може да го раздрма земјотрес, ако се случи во Србија. Искрено, јас не се мешам во приватниот живот на другите луѓе, а не сакам да се мешат и во мојот. Жика е возрасен за да днесува сопствени одлуки. Сигурно има добри причини за својата одлука. Нека го води својот живот како знае, вели пејачката.

Јовановиќ вели дека никогаш не се скарала со сопругот, а проблемите во бракот ги решааваат со разговор.

Кавга со Саша никогаш не може да се случи, само паметно размислување. Никогаш не барав да биде по мое и дека сум во право, го сослушувам неговото мислење и заедно наоѓаме средина, вели Јовановиќ.

Пејачката од претходниот брак го има синот Даниел, кој Саша го сака како сопствен син, а Поповиќ и Јовановиќ ја имаат ќерката Александра.

Коментари

Популарно