(ВИДЕО) КO ДА НЕМА УТРЕ: Македонска пејачка го расфрла бакшишот низ Милано

Изгледа дека македонската фолкерка Џесика Палашоска, како што се вели народно добро се „опарила“ на турнејата низ Австралија. Деновиве е „фрлена“ на шопинг. И тоа не каде било, туку во модниот центар Милано. И тоа не купува што било, туку единствено брендирани парчиња.

Изгледа дека бакшишот и хонорарот биле баш големи, штом атрактивната блондинка се „расфрла“ со евра низ Милано „ко да нема утре“. Со дел од купените парчиња се пофали на социјалната мрежа Инстаграм низ видео.

А неодамна таков потег имаше и нејзината колешка од поп водите, Аделина Тахири. Нека каже некој после дека на домашната естрада нема пари од музика.

Коментари

Популарно