(ВИДЕО) ГРУЕВСКИ БРИШЕШЕ ПАТОС СО ЧОМОВСКИ: Мислите дека мене странците не ми нуделе да го променам името и да ја федерализирам државата?!

Немојте да мислите дека ако сакам да им се допаднам на некои центри однавор не можам да го направам тоа. Да ветам се што ќе побараат и да го остварам. Мислите јас не сум имал понуди, мислите не ми приоѓале мене со разни поддршки дека ќе направат се за мене, се што ми треба само да помогнам тоа и тоа да се заврши, дека цврсто ќе застанат зад мене, дека ми гарантираат се и сешто. Мислите дека јас не сум го имал тоа, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето вчерашно гостување во „Топ тема“.

– Република Македонија веќе подолг период е предмет на надворешен обид, операција за промена на владата, со цел промена на уставниот поредок и името. Во една таква операција, влезени се и многу странски средства преку одредени филантропи. Направена е огромна пропаганда против владејачката гарнитура, пред се против ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се оцрни, да се ослабне меѓународно и во земјата, да го изгуби кредибилтетот и надвор и од граѓаните со цел да ослабнат институциите и народот сам да ја смени владејачката апртија, да донесе друга на власт која што има дадено ветување кои што некој ги посакува и ги има за своја цел во еден таков контекс. Точно е дека ние се соочуваме со проблеми на меѓународен план, но тоа е судбина на сите кои се борат за државни и национални интереси во мали држави кога некој однадвор има некои други цели, рече Груевски.

Немојте да мислите дека јас незнам дека кога застанувам на браник на одбрана на некои државни и национални интереси не сум свесен дека нема да добијам разни негативни пораки, казни, или било што ќе ме деградира, што ќе ме донесе во непријатна ситуација, што ќе ми направи штета на мене, на моето семејство, на мојата партија, на моите блиски, но свесно одам, затоа што верувам дека само со упорност, залагање и борба може да се убеди и целата меѓународна јавност и сите оние кои нешто наумиле дека тоа не е добро за Македонија, дека на тој начин ќе се направи голема штета и дека во оваа земја освен политичари има и народ, луѓе кои си ја сакаат државата и препознаваата ако некој нешто им подготвува и застануваат против тоа, рече Груевски.

Немојте да мислите дека ако сакам да им се допаднам на некои центри однавор не можам да го направам тоа. Да ветам се што ќе побараат и да го остварам. Мислите јас не сум имал понуди, мислите не ми приоѓале мене со разни поддршки дека ќе направат се за мене, се што ми треба само да помогнам тоа и тоа да се заврши, дека цврсто ќе застанат зад мене, дека ми гарантираат се и сешто. Мислите дека јас не сум го имал тоа, изјави Груевски.

Коментари

Популарно