По Ѓулсерен се јави и Џихан: Таа лаже, ми удира по егото

Во Турција популарниот актер Еркан Петекаја важи за пандан на Џорџ Клуни, но по скандалот кој изби со неговата колешка од „Парампарче“, Нургул Јесличај која го прогласи за сексист што и прави мобинг, неговиот статус малку се разниша.

Не е тајна дека рејтингот на серијата се преполови во Турција откако почина главната хероина Ѓулсерен, а по нејзиното напуштање на серијата се појавија бројни шпекулации за односот со колегата Еркан, а подоцна и самата таа изјави дека морала да се откаже од улогата бидејќи Еркан постојано ја навредувал, кој наедно не сакал да снима љубовни сцени со неа. Бидејќи серијата има огромна популарност не само во Турција туку цела Европа и Азија, Еркан реши и тој да ја каже својата страна на приказната во интервју.

Тој тврди дека не ја понижувал Нургул, а се што кажала е голема измислица.

-Да, кружат информации дека имало проблем со љубовните сцени, меѓутоа таков проблем немаше. Што и да кажам сега ќе биде погрешно протолкувано. Пример, кога ти сакаш да кажеш само убави нешта, другата страна нешто споротивно. На крајот на краиштата ние воопшто не се ни бакнавме. Само и ги допрев усните, а потоа со филмски ефекти тоа изгледаше вистински. Можам само да потврдам дека сите информации се лажни од почеток до крај, вели Еркан, кој не сака да открие дали потпишал клаузула од која нема да снима љубовни сцени во „Парампарче“.

Тој останува на тоа дека скандалот е измислица, а личноста што му го прави тоа едноставно има намера да го повреди неговото машко его.

Сега Еркан сака скандалот што побрзо да се заборави и не сака да открива повеќе детали околу тоа, ниту пак детали за крајот на мега популарната серија.

Коментари

Популарно