(ФОТО) Балотели суров кон Ким Кардашијан, па го праша Вест! – Кање како може да го еб*ш ОВА?

Марио Балотели се препороди во Ница и кариерата повторно му тргна во нагорна линија. Еден од најпроблематичните светски фудбалери, секогаш имал сјајни фудбалски квалитети, но лудата глава го спречи да направи уште поголема кариера.

И повторно тој е во жижата на јавноста, иако игра извонредно во Франција, каде постигна 15 гола на 25 меча за Ница, и на неколку кола пред крајот на првенството и овозможи да обезбеди место во Лигата на Шампиони.

Овој пат за Супер Марио се зборува по прозивките до Ким Кардашијан на социјалните мрежи. Тој на својот Инстаграм профил, на местото „stori“, објави слика од најпознатата светска старлета, која папараците ја сликале на плажа, а изгледот на нејзиното тело на Балотели не му се допаднало.

„Сериозно, што е ова кур*ц…? Кање како можеш да бидеш со ова? УЖАСНО! Единствена жена која со пластична операција станала уште полоша. Фуј!“, напиша Балотели.

Коментари

Популарно