(ФОТО) КАРЛЕУША ЌЕ СЕ ОПИРИРА ОД ТУМОР: Се огласи на Фејсбук и откри како се чувствува!

Пејачката Јелена Карлеуша, како што пишуваат некои медиуми, во последните неколку месеци преживува вистинска драма. Имено, лекарите установиле дека Јелена има тумор и тоа во стомакот. Карлеуша по ова прашање се огласи на Фејсбук и призна дека имала операција, но дека се чувствува одлично.

„По повод на научнофантастичките наслови на новинарите за моето здравје, најдобро е на овој начин да ја запрам понатаму непотребната драма и сензација! Вистина е дека на почетокот на мај, помеѓу двата закажани концерти и во паузата од снимањето на новите епизоди „Ѕвезде гранда“ имав мала хируршка интервенција. Станува збор за помал женски, гинеколошки проблем, кој се решава - рутински. Според тоа нема место за паника и драма, здрава сум како дрен и можам и на вол да му ја искубам опашката“ - напиша Карлеуша на Фејсбук.

Коментари

Популарно