Вие кои стистакате лајкови на Ина Многуфина сте изместени умови

Се започна со македонскато изненадување на Евровизија. Јавното обелоденување дека Јана е трудна и подоцна запросувањето од страна на нејзиното момче. Ина Многуфина реши да го критикува тимот на МРТВ за ваквиот настап, по што колегие од Story.mk стапија во контакт со шефицата на делегацијата на Македонија за да добијат одговори.

Целата статија ТУКА. 


Откако Мери Попова ги навреди следбениците на Ина,  следеше одговор на Фејсбук од Ина Многуфина во нејзин стил.

„Шефице Сери Поповска, на кого ти му кажуваш дека се изместени умови и ненормални? На тие што плаќаат радиодифузна такса? Која си ти да го вреѓаш народот кој те плаќа шуго една! Да ти објаснам јас сеа некои работи ако можеш да ги разбереш со твојот капацитет. Ти патуваш со парите на народот, на тие со изместените умови, секоја година со околу 179000 евра пари на народот! Тој истиот народ што го извршувате за РДТ за да можете плата да земете! Овие изместени умови не живеат од тебе ти живееш од нив мизеријо една! Ти ќе вреѓаш народ? Оди работи приватно и никој нема да бара отчет од тебе додека ми ја претставуваш државата со куп наши пари секоја година ќе понесеш одговорност! Секоја година ги горите пеачите и се криеш од одговорност, оваа година реши приватен момент на Јана да го прикажеш на национално ниво и што очекуваше дека луѓето нема да реагираат? Требаше да предвидиш што ќе се случи, а не да дозволиш Јана да го јаде хејтот, а ти да дремеш таму па уште "јас објаснувам на моите претпоставени"! Каде со таа арогантност на шалтеруша, народот те плаќа! Прва година некој те чепка и одма вреѓаш! Што е, криеш нешто? Да не е забрането да прашаме шо праите со нашите пари? Парите на овие извртени умови! Каде се парите од сите години фејлови на Евровизија? Се изнашета ли таква неспособна да донесеш резултат некаков? Што седиш уште таму коа не сме у финале? Да не ви фалат пари да ви допратиме да поседите до афтерот? Секој ден собираме пари по социјални мрежи за болни луѓе, за помош, тие пари од МРТВ може некому многу да му помогнат! Тебе Сери нема да ти помогнат, џабе е толку шетање со наши пари, немаш научено дека народот го претставуваш и земјата, тој истиот што те плаќа, а ти го вреѓаш! Кој те пушти земјава да ја претставуваш, сеа ми се јасни и резултатите за сите години! Мизеријо една, ти ќе вреѓаш народ!!!!“

Коментари

Популарно