Видео: ВОДИМЕ СО ХЕЛИКОПТЕРИ И АРТИЛЕРИЈА: Колку е македонската армија посилна од албанската

Армијата на Македонија е бројно помала со активен воен состав, но има значително поброен резервен воен состав, како и оружја кои Албанија ги нема.

Воени хеликоптери наменети за воздушни битки, артилерија, резервен состав се дел од сегментите во кои македонската армија е понапредна во однос на армијата на Албанија. Така барем е прикажано на видеото кое се појави неодамна на канал на „Јутјуб“, а на кое е направена споредба според воената моќ и население што ја имаат нашата земја и Албанија.

Споредбите се на повеќе нивоа, како во број на население, така и во број на активен воен состав, број на резервна војска, хеликоптери, тенкови, подвижна артилерија, авиони. Во пресметките се ставени и двата авиони „сухои“ што Македонија ги имаше во 2001 година.

Колку е релевантна оваа споредба, не се знае, но е интересна да се погледне.

Коментари

Популарно