ВИДЕО: Срнчето Петре спасено од сигурна смрт

Срнчето Петре родено пред десет дена, ја има судбината на денот на неговото раѓање да ја изгуби мајката, која ја застрелале ловџии.

Брачен пар од Кавадарци го нашле срнчето и се јавиле кај Војо. Позитивен човек кој згрижува животни додека се мали.

Со звукот на автомобилите во маалскиот парк во Скопје, приказната за Петре и дивината ја раскажа Војо. Срнчето во неговите прегратки, го доби својот појадок.

За Војо свеста за згрижувањето на животни се променила во позитивна насока, но се уште треба посебни места за нивно одгледување за да пораснат и да можат живот да го продолжат сами.

Петре останува некое време кај Војо, животот ќе му продолжи во парк каде се чуваат срни и кози. Војо со приказната се надева дека ќе ја промени свеста и кај ловџиите и кај институциите, со верба дека идните приказни за животните нема да бидат за нивното истребување.

Коментари

Популарно