(ВИДЕО) Карлеуша се појави првпат по операцијата: Не сум во состојба ниту да се накашлам!

Јелена Карлеуша првпат по операцијата се појави во јавност и откри некои детали.

Имено, таа се појави на снимањето на емисијата „Ѕвездите на Гранд“ во придружба на својот менаџер Зоран, за кој вели дека и бил најголема поддршка во текот на тешките болнички моменти.

Пејачката твди дека е добро но дека мора да се чува, па  и дека нема да може да заигра во емисијата, зошто поради раната не е во состојба ниту да се накашла.

-Не сум некој кој сака да раскажува за вакви работи, но кога веќе дознавте се, не сакам ништо да кријам. Сметам дека во шоу бизнисот не треба да играме на картата на слабост и сожалување туку на картата на сила и недопирливост. Сепак има луѓе кои сакаат да ги сожалуваат, вели Јелена меѓудругото.

Коментари

Популарно