ФОТО: Уметник од Јапонија создава ремек дела од картонски кутии

Луѓето различно гледаат на картонските кутии.

За некои тие се само уште едно место за складирање, за мачките можат да бидат совршен дом, а јапонската уметничка Монами Охно картонот го претвора во вистински ремек-дела.

Бидејќи и недостигале пари за неопходниот софтвер, Монами се одлучила празните картонски кутии да ги искористи за вежбање. И така станала скулптор на картонски кутии.

Својата креативност ја искажува правејќи различни фигури, од ликови од видео игри, преку секојдневни предмети, автомобил и воена опрема, личности од популарната култура, па до храна.

Она што посебно импресионира се многубројните детали на кои им посветува многу внимание.

Коментари

Популарно