ФОТО: Баерн Минхен доби дрес на иднината

Не така одамна Баерн Минхен ги објави дресовите за следната сезона, но сега „Адидас“ исфрли и специјална колекција од таканаречениот асортиман „Танго“, кој на навивачите би требало да им ја претстави идејата за тоа како ќе изгледаат дресовите во иднина.

Германската компанија на ваквите и слични проекти работи веќе со години и неодамна имавме шанса да го видиме и дресот на Реал во слично издание.

Надлежните во „Адидас“ процениле дека овие дресови можат многу добро да поминат кај навивачите, па започнаа да ги пуштаат во продажба. Ваквиот дрес на Баерн во овластените продавници на баварскиот гигант може да се купи за 60 евра…

А еве како ќе изгледаат и „нормалните“ дресови на Баерн Минхен за следната сезона:

Коментари

Популарно