(ВИДЕО) НЕРЕДИ ВО ИСТАНБУЛ: Турци и Грци добитна комбинација за тепачки

Жестока битка се одвива низ улиците на Истанбул во пресрет на полуфиналето во Евролигата, каде се судрија турските навивачи со фановите на грчкиот клуб Олимпијакос.

Фајнл-фор турнирот во Истанбул имаше хулиганска предигра. На улиците на Истанбул се степаа навивачи на турскиот Фенербахче и грчките симпатизери на Олимпијакос. Нетрпеливоста меѓу навивачите од овие две земји е веќе присутна со години, па каде и да се најдат заедно, речиси секогаш има големи нереди. 

Според пишувањата, се работи за организиран напад на турските навивачи врз симпатизерите од Грција. Запалени факели и метални прачки биле користени, а засега не се знае дали има повредени. Полицијата дефинитивно ќе има многу работа овие денови во Истанбул. 

Олимпијакос игра против ЦСКА во 17:30 часот, а Фенербахче од 20:30 часот ќе игра против Реал Мадрид. 

 
 

Коментари

Популарно