Дневен хороскоп

ОВЕН

Многу комуникации и муабети денес околу некакви планови и намери, а тие секако добри, но ви советувам помалку да зборувате, а повеќе да делувате. Имате убави замисли, имате убави и реални планови, ви недостасува само реализација и трпение, сила имате.

БИК

Убаво би било денес ако професијата или занимањето ви е да обезбедите што повеќе клиенти, истомисленици или луѓе кои ќе поделат некаков ваш или интересот на некого или нешто коешто го застапувате. Ова вака формулирано веројатно претпоставува поголем дијапазон на занимања, од шалтерски службеник, преку професор до менаџерство.

БЛИЗНАЦИ

Ако е до денот, убава најава за пролетта, со температури типично зимски иако зимата официјално замина. Но судејќи според аспектите кои го сугерираат вашиот однос и релација со партнерот, ова може да биде еден од посончевите тропски денови на вашата душа.

РАК

Убав, навистина убав ден за вашиот знак, ќе бидете на услуга на многумина, ќе сакате да им помогнете, ќе имате прекрасни односи со сите со кои доаѓате во контакт, а поради вашиот став и однос, ќе имате многу изливи на нежност, емоции, сакања, сатисфакции и на суетата, ако ја имате, а ќе излажете ако речете дека ја немате.

ЛАВ

Може да ви падне камен од срцето поради решавање на некаква административна работа, прибирање на документи, решение, пресуда или друг акт од голема важност за вас или ослободување поради прифаќање на некаков договор, проект кој сте го работеле во изминатиот период.

ДЕВИЦА

Некакво среќно завршување на некоја работа или нешто во врска со едниот родител. Може да е во прашање и некаков нов почеток, но претпочитам тој да е на интимен план, нешто што ќе ве направи да се чувствувате лесно, пожелно и секако таквите оптимистички и задоволни емоции да ги пренесете и на домашните околу себе.

ВАГА

Денес ви е денот ептен добар за комуникација со спротивниот пол, но да не бидам погрешно разбран, и на сентиментално-романтични теми, но и на секакви други, но со личности од спротивниот пол на кој вие му припаѓате. И со брат/сестра, но не и со двајцата, зависи реков од вашиот пол.

СКОРПИЈА

3а денес аспектите ви покажуваат дека ќе имате многу контакти со личности од спротивниот пол кои ќе сакаат некаква услуга од вас, нешто да им завршите, некаква работа, но и да им сервисирате, поправите ако ви е таква работата, занимањето.

СТРЕЛЕЦ

Внимавајте, денес е многу интересен ден за вашиот знак кој претпоставува дека ќе бидете многу привлечни за спротивниот пол, дека ќе имате многу контакти, најчесто со сентиментално љубовен и еротско-сексуален потконтекст, но и дека по таквите нешта ќе се однесувате малку наметливо, диктаторски, директорски, доминантно би рекол, освен ако не пројавите и вие некаков интерес за такво дружење, но со конкретна личност.

ЈАРЕЦ

Пријателство или ако сакате и пријателства кои се ставени во таа категорија поради ваше несогласување за нешто повеќе, можат да завршат денес и да имаат неславен епилог, бидејќи и онака не се одржливи. По некое од тие може да премине во нешто повеќе, ако сте го смениле мислењето или ако сте осамени подолго време, иако не чувствувате баш некоја голема привлечност.

ВОДОЛИЈА

Убава е конотацијата на денешниот ден со тоа што околу пладне може да почувствувате нешто како ослободување, како олеснување, подигање на некаков темен облак и расположение кое ве следело подолго време. Со други зборови може да завршите некаква обврска која сте ја имале подолго време кон нешто или некого.

РИБИ

Може да очекувате денес убави комуникации со личности од спротивниот пол на деловен план и сите тие комуникации ќе бидат корисни, дури и ако сте шалтерски работник, клиентите, кои најчесто можат да се од спротивниот пол можат да бидат исклучително задоволни од вас и вашата љубезност и подготвеност да им се помогне.

Коментари

Популарно