(ВИДЕО) Забавата премина во хорор: Морски лав повлече девојче во вода!

Кога луѓето го забележаа морскиот лав, се смееја и го хранеа, но никој не очекуваше дека морското животно ќе го повлече девојчето во вода!

На пристаниште во Канада, мало девојче седи близу до водата. Се доближува морски лав, кој на сите им изгледа мирен и симпатичен. Во еден момент, морскиот лав се подава од водата и го повлекува девојчето со себе.

Девојчето е спасено од нејзин роднина кој веднаш се фрлил по неа во водата и го извлекол трауматизираното дете на безбедно.

Видеото е направено од Мајкл Фуџивара од Ванкувер, кој за локалните медиуми изјави:

– Си седев на пристаништето и еден моркси лав се појави точно пред мене. Го зедов телефонот и почнав да снимам. Морскиот лав привлече многу внимание од туристите, и од малото девојче. Таа и нејзиното семејство се доближија и почнаа да го хранат лавот со леб или нешто друго, и тој се почувствува „комотно“.

Коментари

Популарно