Дневен хороскоп

ОВЕН

Во оваа точка од времето вашата потреба за независно изразување е толку многу изразена, па секој еден што нема да го почитува тоа, едноставно нема да го толерирате, па дури и ќе го истуркате надвор од теренот. Со Марс во издржливиот Бик, ќе бидете подготвени да се расправате и по секој цена да ги штитите своите ставови и гледишта, се додека луѓето ви дозволуваат да го правите тоа што го сакате. Можете да им го кажете следното: „ Можеме да бидеме заедно, но не мора да бидеме премногу блиску еден до друг. Столбовите кои го држат храмот мораат да бидат одвоени! А дабот и чемпресот можат да растат и да се развиваат слободно, се додека не се во сенката на другиот.“ Ако ова не ви успее, тогаш слободно спроведете ги вашите вообичаени мерки за справување со таквите ситуации.

БИК

Се наоѓате во момент кога морате да се справите со некои прашања или теми, и еднаш засекогаш да ги расчистите! Сфатете дека не можете да ги избегнете ефектите на Лунарната еклипса, која ви дава можност да решите некои долгогодишни прашања и проблеми. Па дури и ако не сте директно инволвирани, или ги игнорирате вестите, космосот има свои начини како да ги освои и најскриените дупки. Покажете флексибилност во настаните во кои сте повикани да помогнете и да го дадете сопствениот допринос. Практично е невозможно да се предвиди на каков начин ќе се развиваат околностите и кој би можел да ве повика и да ве изненади со својот став или постапка.

БЛИЗНАЦИ

Неконтролираните и импулсивни изјави би можеле многу да ве чинат! Ако досега не сте ја научиле оваа животна лекција, во текот на оваа недела повторно би можеле да се најдете во неблагодарна позиција; па затоа обидувајте се да ги задржите своите мисли за себе и немојте да душкате по приватноста на другите. Кажете го само тоа што морате да го кажете, а притоа избегнувајте ги личните заклучоци и непотребните инсуинации на сметка на другите, а во корист на вашето его и потребата за себедокажување. Најверојатно ова ќе биде тешко да се постигне, а особено во ситуациите каде имате директна одговорност и учество. Но, ако го направите тоа, ќе бидете благодарни на себе и ќе се искачите на повисоко ниво на личниот развој и реализација.

РАК

Овој период би можел да биде прилично емотивен за вас, бидејќи се очекуваат многу ненадејни и неочекувани настани кои ќе ви го одземаат мирот. Дозволете им на промените кои се развиваат да ја следат својата патека на развој и немојте да го блокирате процесот. Некои од вас можеби ги следи чувство како целиот свет да се врти околу една и единствена работа. Секогаш имајте на ум дека, кога една врата се затвора, друга се отвора пред вас. Од друга страна, кај некои од вас можеби конечно работите се собираат на едно место и ви отвораат можност за некаков профитабилен потфат. Гледајте напред! Гледајте во вратата која се отвора пред вас!

ЛАВ

Вашите планови за иднината кои беа оставени на чекање пред неколку месеци ќе се активираат и почнуваат да се развиваат. Пред вас се отвораат различни можности за раст и надминување на претходните лимити и ограничувања. Исто така, Јупитер има силно влијание на нашиот личен духовен пат, иако можеби во овој момент не сте многу свесни за него. Понекогаш тоа едноставно може да значи да ги напуштиме нашите предрасуди, отворајќи повеќе простор за емпатија и разбирање.

ДЕВИЦА

Обидете се да не бидете премногу еднострани и земете ги во предвид и другите гледни точки. Во ниту еден момент немојте да заборавите колкава е моќта на зборовите и дека од нив зависи склопувањето и раскинувањето на договорите. Некои од вас ќе примат некои информации кои ненадејно внесуваат промени во пошироката финансиска слика. Развојот на ситуацијата би можел да се одвива во двете насоки, па затоа треба мудро да ги одиграте вашите карти и да избегнувате емоционализирани и непромислени одлуки.

ВАГА

Силните врски кои се базираат на јасно дефинирани очекувања и взаемно почитување ќе треба да го поминат тестот на стабилност, преку ненадејните настани или откривања. Од друга страна, проблематичните врски кои не се балансирани, ќе мора темелно да поработат на својот однос и да се жртвуваат во името на заедништвото. Астралната клима ќе ви помогне подобро да ги процените работи, да се соочите со реалноста и да донесете правилни одлуки.

СКОРПИЈА

Вашата главна цел во овој момент од времето е да останете прибрани и да се држите подалеку од ризиците, со цел да го задржите балансот и кохерентноста во вашиот живот. Гледано од повисока перспектива работите изгледаат оптимистично во однос на вашата долгорочна иднина. Најверојатно ќе биде потребно да се износите со некои работи и да бидете трпеливи, но вие многу добро сте свесни за тоа. Бидете подготвени на ненадејни усложнувања и компликации во секојдневната рутина и од вас ќе се бара мудро прилагодување и правилно избрани зборови. Флексибилноста е главниот клуч за оваа недела.

СТРЕЛЕЦ

Пречките и ограничувањата кои ви беа наметнати во текот на изминатите неколку месеци, сега ќе бидат отстранети, а проектите и плановите полесно ќе доаѓаат до реализација. Останете доследни на вашата визија и високите дострели. Независно од позитивностите на материјално ниво, актуелните планетарни позиции ќе внесуваат експанзии во сите други сфери од животот. Единственото нешто кое би можело да ве ограничи во овој момент, тоа се вашите лични самонаметнати убедувања и ставови.

ЈАРЕЦ

Без оглед на тоа какви промени и нестабилности се случуваат во вашиот приватен живот, треба да сфатите дека голем дел од сето тоа се должи на фактот дека сте ги надраснале вашите предубедувања и начинот на кој се доживувате себеси. Време е да продолжите понатаму. Во овој момент ќе ви биде тешко да се вклопите во старите концепти и да ги употребувате старите методи за решавање на проблемите. Како што змијата ја соблекува старата кожа, така и вие треба да се ослободите од минатото и да го прифатите вашето Ново Јас, кое се развиваше во текот на изминатите години. Спротивставувањето ќе биде бесцелно.

ВОДОЛИЈА

Можеби имате големи планови за себе и за својата иднина, и се обидувате да не влегувате во хаотичните настани кои се случуваат околу вас. Но, најверојатно ќе биде тешко да се избегнат некои работи, па затоа ќе морате будно да го следите развојот на случувањата во вашето опкружување. Бидете флексибилни и прилагодливи во соочувањето со ненадејните промени на плановите и непланираниот тек на настаните. Без оглед на надворешниот фактор, промената на движењето на Јупитер ќе внесе освежување и подобрувања во партнерските односи, а проблематичните врски влегуваат во постабилен период.

РИБИ

Многумина од вас ќе успеат да ја сфатат пошироката слика на работите, а тоа ве става во супериорна позиција да правите паметни избори. Можеби тоа што ќе го сфатите ќе ви донесе повеќе одговорности во иднина, но ваквиот тип на одговорност и себезалагање, на долги патеки ќе значи сатисфакција и чест. Во меѓувреме, во следните денови се очекуваат ненадејни промени во договорите, кои ќе бараат финансиски прилагодувања.

Коментари

Популарно