Патот кон Сончев Град во употреба најдоцна за три недели

Изградбата на патот до населбата Сончев град, во должина од 4,4 км, кој ќе се користи и како алтернативен пат за жителите од општина Сопишта ќе биде завршена најдоцна за три недели.

Во придружба на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изврши увид во активностите на патот при што беше информиран дека се завршени 92 проценти од предвидените работи. 

- Станува збор за инвестиција вредна 7,7 милиони евра. Она што го ветивме за граѓаните на Сопиште веќе е во сам финиш, рече Груевски. 

Според директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, преостанува да се имплементира хоризонталната и вертикалната сигнализација, банкини и еластична ограда.

По завршувањето на овој проект, беше посочено дека веднаш почнува реконструкцијата и на патот Припор - Сопиште, делница од 12 -те киолеметри пат предвидени за реконструкција за што се обезбедени 800.000 евра. 

Груевски нагласи дека во напредна фаза е и изградбата на водоводот Патишка Река, проект вреден 2,3 милиони евра преку кој ќе се снабдуваат со вода 12 насление места или 90 процнети од жителите на општина Сопиште.

Коментари

Популарно