ФОТО: Како изгледаат и што прават денеска ѕвездите од „Кога лисјата паѓаат“

Штом слушнете “Кога лисјата паѓаат“, тоа веднаш ве асоцира на периодот кога турските серии започнаа да се емитуваат на македонските телевизии. На почетокот луѓето беа скептични, но за кратко време ликовите од популарните теленовели  станаа омилени кај Македонците.

Во оваа драмска телевизиска серија беше прикажана приказната за Али Риза, неговата сопруга Хајрие и нивните деца, кои ги воспитуваа со висока морална свест и силни чуства за семејни вредности. Тие живеат во мал град, но одлучуваат да се преселат во Истанбул, каде поради модерниот начин на живот и економската нестабилност, ќе се соочат со многу проблеми.

Сигруно многу добро се сеќавате на ликовите, кои често пати будеа тага, но и насмевки на нашите лица. Оттогаш е поминато доста време, но како актери Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар и другите изгледаат денес, погледнете во продолжение:

Халил Ергун (Али Риза) е еден од најпознатите актери во Турција. Од завршувањето на серијата до денес е поминато доста време, меѓутоа нема некоја голема промена кај него, очигледно животот му годи.

Ѓувен Хокна (Хајрие) симпатичмата сопруга на Али Риза која постојано не смееше и развеселуваше.

Бени Јилдирмлар (Фикрет) беше највозрасната, која се грижеше за семејните вредности и чија цел беше да ги изведе своите помали сестри на вистински пат.

Хасан Кучукчетин (Шефкет) единствениот син во семејството Текин, кој помина низ многубројни незгоди и проблеми во животот поради својата злобна сопруга Ферхунде.

Дениз Чакар (Ферхунде) ни е многу добро позната, бидејќо освен во „Лисјата паѓаат“, ја гледавме уште во неколку мега популарни серии. Сите се навикнавме на нејзините интриги и проблеми кои им ги донесе на семејството Текин.

Фахрие Евџен (Неџла) денес е мажена со популарниот „Бали-бег“, а во серијата беше вљубена во Огуз.

Ѓокче Бахадир (Лејла) психички нестабилна личност која постојано се расправеше со сестра и Неџла.

Толга Карел ( Огуз) беше еден од најголемите проблеми за семејството Текин, тој беше причина за расправија помеѓу двете сестри бидејќи беа заљубени во него.

Ѓулер Октан (Џеверие) Нема некој што не се сеќава на свекрвата на Фикрет, Џеврие. Иако на моменти делуваше злобно, сепак постојано не смееше со шегите кои ги кажуваше.

Македонијаденес.ком.мк

Коментари

Популарно