Селекторот Ангеловски му подари дрес на легендата Златко Калински

Селекторот на фудбалската репрезентација, Игор Ангеловски пред стартот на прес-конференцијата му подари дрес на легендата на македонското новинарство, Златко Калински, кој се пензионираше и се повлече од ТВ-екраните.

„Чест ми е што ќе му доделам дрес на Златко Калински, доајенот на македонското спортско новинарство“ рече Ангеловски, на кого се дополни и самиот Калински.

„Благодарам за честа. Жал ми е што во работниот век од 42 години немав можност за еден спортски крик Македонија да ја следам на еден голем настан, настап на Европско или Светско првенство. Се понадевав дека ќе ја победиме Италија, но ете посакувам да се радувам во иднина заедно со сите Македонци. Верувам дека во иднина може да следат многу поголеми успеси за македонските селекции, согласно и сето она како најава што го направија младите репрезентативци“ рече Калински.

Коментари

Популарно