(ВИДЕО) ТАА ОД СКРОМНА-ПОСКРОМНА: По веста за свршувачката Омер и Гупсе уловени на вечера!

Турските медиуми лудуваат следејќи ја популарната актерска двојка, Бариш Ардуч и Гупсе Озај, се со цел да добијат потврда дали тие навистина се свршиле и планираат свадба.

Пред само неколку дена новинарите ги „уловија“ додека излегуваат од ресторан, па ги бомбардираа со прашања секако околу бракот- дали е вистина или не.

Двајцата не беа многу расположени за изјава пред камери, па брзо се качија во автомобилот. Сепак, кажаа дека секако ќе имаат брак во својот живот.

За оваа прилика саканата на Омер се појави во скромно и природно издание без шминка, но со многу шарм и насмевка со која го освојува најпосакуваниот ерген во Турција.

Коментари

Популарно