(ВИДЕО) Предупредување за родителите - девојче си играло безгрижно надвор, а се разбудило полупарализирано

Аманда Луис и нејзиниот сопруг поминале прекрасно време играјќи си надвор со својата ќеркичка, меѓутоа вечерта забележале некакви промени кај неа. Евелин почналада се однесува малку чудно кога дошло време за спиење. Не сакала да стои по капењето, за да облече пижами.

„Утрото имаше проблем со стоењето, едвај можела да ползи и оди, а ниту да ги користи рацете. Ја снимавме за да ја испратиме на останатите членови од семејството за да не посоветуваат. Одлучивме да ја одведеме веднаш во болница, бидејќи симптомите се влошуваа.“- зборуваат родителите.

За среќа, кога стигнале во болницата веднаш биле примени. Докторотзборувал со родителите и рекол дека 15 години од неговата работа видел 7-8 деца со идентични симптоми и дека најверојатно станува збор за крлеж. Ја прегледале, па во нејзината коса пронашле крлеж.

Крлежот бил отстранет, а веќе утредента Евелин била онаа старата. Нејзините родители сакаат да ја подигнат свеста за опасноста која демне кога станува збор за крлежите, па поради таа причина го објавиле видеото од нивната ќеркичка, за другите родители да видат за што се работи.

Коментари

Популарно