Трагична шега: Сакала само да го исплаши момчето, па случајно се обесила

Британката која по мала кавга сакала да го преплаши своето момче од шега се одлучила да се обеси, но не буквално. Сепак, ситуацијата излегла од контрола и завршила со трагични последици.

Нејзиното момче изјавило дека тоа била неважна кавга, по која Аби отишла во резиденцијата и се обесила. Момчето се вратило во станот по три часа откако девојката се обесила.

Нејзината мајка тврди дека Џејмс и нејзината ќерка се сакале и биле пред венчавка, а оваа трагедија била последица на голема количина алкохол.

Семејството на Аби знае дека нивната ќерка немала психички проблеми и дека станува збор за несреќни околности, а Џејмс бил внимателен и грижлив кон неа.

Коментари

Популарно