Ја грабнал и претепал својата поранешна девојка

Дваесет и пет годишната Ш.Т. вчера попладне на локалниот пат кон населбата Драчево во близина на мостот на “Маркова река“ била пресретната од М.Р. од с.Студеничани. Истиот бил со друго лице и со употреба на сила ја внел оштетената во неговото возило, по што се упатиле во непознат правец.

– По некое време М.Р. го паркирал возилото и околу 40-тина минути физички ја малтретирал, а потоа ја оставил и си заминал, додека истата со такси возило, кое случајно наишло си заминала. Во 00:40 часот оштетената се упатила на лекарски преглед  во ГОБ “8-ми Септември“, а потоа и во КЦ“Мајка Тереза“, каде по извршените прегледи констатирани и биле телесни повреди и била пуштена на домашно лекување – соопштуваат од МВР.

Причина за нападот најверојатно била претходна љубовна врска помеѓу неа и М.Р. СВР-Скопје превзема мерки за целосно целосно расчистување на случајот.

Коментари

Популарно