Што му порача Путин на Иванов и на Македонија?

Со особено внимание следиме се што се случува во вашата земја. Посакуваме внатреполитичката ситуација во Македонија да се развива согласно Уставот и демократските принципи. Уверен сум дека вашето искуство, вашето влијание и авторитет ќе придонесе за тоа, истакна претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Москва.

Тој изрази задоволство дека македонско-руските односи се унапредуваат и, како што рече,  има позитивно движење во економската размена.

На почетокот на средбата Путин му ја честита наградата на претседателот Иванов што вчера му ја врачи Патријархот на Руската православна црква Кирил.

Македонскиот претседател изрази ообено задоволство што токму на овој ден, кога се одбележува празникот Свети Кирил и Методиј  има средба со него.

Коментари

Популарно