ФОТО: Што се случува кога шампионите ќе се сретнат на автопат?

Малиот Македонец Кристијан Воденски е мајстор е за текводно, кик-бокс, бразилско џиу-џицу, борење, но најголем шампион е во љубовта кон својата татковина.

Младиот македонски талентиран борач кој живее во Германија е доста активен на социјалните мрежи. Денеска тој постави фотографија со која запраша: „Погодете кој е тоа?“

Додека патувал на тренинг, младиот македонски шампион бил зачуден од глетката на еден германски автопат, односно камион со ликот на најдобриот македонски автомобилист, шампионот Игор Стефановски- Иџе.

Стефановски е најуспешниот македонски натпреварувач во автомобилски трки. Популарниот „летечки Македонец“ е двократен европски шампион на ридски патеки.

Коментари

Популарно