ЛЕГЕНДАТА ЗАМИНУВА ВО ПЕНЗИЈА - Тоти последен пат ќе го облече дресот на Рома

Тоти има 40 години, целата кариера ја помина во редовите на „Римската волчица“, а од неа ќе се прости против Џенова.

-Невозможно е со зборови да се опише што овие бои значат за мене и што засекогаш ќе значат. Љубовта која ја чувствувам кон клубот не пројде. Тоа е страст, моја страст. Толку е длабока што не можам да престанам да ја хранам. Никогаш. Во понеделник ќе бидам подготвен за нови предизвици, изјави Тоти.

Засега не е познато дали напуштањето на Рома ќе значи и крај на фудбалската кариера.

За првиот тим дебитираше во 1992. година, а во текот на минатите 25 сезони одигра 785 натпревари и постигна 307 голови.

Освои само една Серија А во 2001. година, а по два пати ги освои Купот и Суперкупот на Италија.

Коментари

Популарно