(ВИДЕО) На багажникот 22 километри возел пијан човек

Замислете да возите 22 километри и полицијата да ве сопре, бидејќи на вашиот багажник имате пијан човек! Тоа е токму она што му се случи на еден човек од Соединетите Американски Држави.

Човек од Мемфис се опил и се качил на багажникот на еден паркиран автомобил, и таму заспал. Се дошло до еден бизарен настан кога сопственикот на автомобилот дошол во своето возило и без да примети се упатил кон неговата дестинација.

Возел околу 22 километри додека не го сопрела полицијата и предупреди што вози на неговиот багажник.

Коментари

Популарно