ОГЛАС за работа: Плата 32.000 денари

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол" А. Д. - Скопје распишува

ОГЛАС

За вработување на 1 (еден) работник на определено време од 5 (пет) месеци на работно место систем интегратор за комплексни ИТ проекти во Одделение за развој и имплементација на нови технологии и системи во Центар DELL. 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:

Завршено високо стручно образование од областа на информатичката технологија;

Потребно е познавање од областа на виртуелизација и компјутерски мрежи;

Познавање на серверски оперативни системи;

Познавање на англиски јазик;

Работно искуство од најмалку 2 (две) години.

Дневното работно време за горенаведеното работно место е од 08:00 часот до 16:00 часот.

Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до петок.

Висината на основната плата за горнаведеното работно место изнесува 31 .200 денари.

Прекувремената работа, работата за време на неработни денови или на денови на празници е платена согласно законските и подзаконските одредби.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

- Писмо за мотивација;

- Кратка биографија;

- Копија од диплома за завршено образование;

- Копија од други стекнати дипломи и уверенија;

- Препорака од претходен работодавач;

- Уверение од кривична евиденција. 

Потребните документи да се достават на адреса:

„Макпетрол" А. Д. - Скопје

Сектор за човечки ресурси

ул. „Св. Кирил и Методиј" бр. 4 - Скопје

лице за контакт: Марија Тодороска

телефон за контакт: 02/3146491

По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде извршено тестирање.

Кандидатите кои ќе покажат најдобри резултати на тестирањето, ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, a согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.

Кандидатите кои нема да достават целосна документација, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.

Рокот за пријавување почнува со денот на објавувањето на огласот и трае 5 (пет) работни дена.

Коментари

Популарно