ФОТО: Марија Андоновска се огласи по гласините за неверство на сопругот на Карлеуша

Деновиове регионалните медиуми се преплавени со наводното неверство на сопругот на Јелена Карлеуша. Фудбалерот Душко Тошиќ е фотографиран од страна на турските медиуми во автомобил со една прекрасна црнокоса Македонка и оттука настана лавина од реакции за ситуацијата.

Душко Тошиќ со поддршка од сопругата демантираше се, а сега и Марија Андоновска, Македонката која беше фотографирана со него откри дека само се нашла на погрешно место во погрешно време и ги демантираше сите поврзувања со Душко или кој било друг.

Инаку Марија по професија е архитект, а манекенството и е хоби. Таа потекнува од Струмица и има сестра близначка Душица.

Коментари

Популарно