(ВИДЕО) Тоа го може само Златан: Погледнете како дојде Ибра да го гледа финалето

Поради повредата на менискусот ќе паузира најмалку до октомври кога ќе наполни 36 години. Многумина заради повредата веќе го пратија во пензија, но Златан е таков каков што е, многу брзо ги демантираше гласините.

Во финалето на Европа лигата силите ги одмерија Ајакс и Манчестер Јунајтед, клубовите од младоста, односно фудбалската старост на Златан Ибрахимовиќ. За жал на сите неутрални гледачи, а на општо воодушевување на фановите на Ајакс, Ибра поради повреда не играше во финалето.

Но, Швеѓанецот никако не сакаше да го пропушти финалето во својата родна Шведска. На Френдс Арената пристигна со стил.

Поради повредата на менискусот ќе паузира најмалку до октомври кога ќе наполни 36 години. Многумина заради повредата веќе го пратија во пензија, но Златан е таков каков што е, многу брзо ги демантираше гласините и кажа дека набрзо ќе врати на терените.

А како и не би се вратил, се чини колку е постар толку е подобар. Оваа сезона беше убедливо најдобар играч на Јунајтед. Постигна 28 голови и 10 асистенции пред повредата.

Коментари

Популарно