Полицискиот службеник Ориѓански ќе „е*е матер“ и ќе затвора новинари

Златко Ориѓански, музичкиот гениj кој во себе, до скоро, криеше полициски службеник, навлезе и во политичкотo делување за разнебитување на Македонија. Суетен до бескрај, Ориѓански се гледаше како дел од кабинетот на Заев, како министер за култура, но во тоа сепак не успеа. Сега за неуспехот, но и за неговите јавно искажани ставови, виновни му се новинарите и медиумите кои тој ќе им „е*е матер“, ќе ги „фрла во отпад“ и во „затвор“.

Постојано пренагласувајќи го својот „удел“ во градењето на „победата“ и вербата во Заев и платеничката армија, Ориѓански заборава дека како уметник треба да биде почитуван од сите и да ги почитува сите. Тој во политичкиот занес не се штеди во фрлањето дрвја и камења по оние кои не само што не се согласуваат со социјалдемократите, туку и што се побунија против распарчувањето на државата и претстојната распродажба на културниот и националниот идентитет и македонска посебност. За него, како и другите од околината на заевиот клан, македонскиот народ се „слепци“ кои немаат држава.

„Немате држава, немате институции, затоа соседните земји прават што ќе посакаат. Вие сте, просто речено, Самоилови слепци. Не барајте вина во нив, туку кај себе“, ќе напише меѓу другото денеска Ориѓански, кој како „голем Македонец и културен деец“ не ја користи кириличната поддршка кога се обраќа до јавноста од која се оградува и за чив дел не се смета себе си.

Ориѓански како да заборава дека токму тој со неговата поддршка допринесе за урнисувањето на институциите и креирање на територија погодна за странски мешетари, на кои токму неговиот лидер им се нуди за најверен соработник за да може да дојде до власт, дури и по најголемата цена- продажба на државата и на народот.

Потоа, разочаран од тоа што Заев сепак и покрај тридневни најави за објавување на владиниот состав, како и неколку пати до сега, Ориѓански денеска повторно, како и неколку пати до сега, се повика на странците кои треба да му ја завршат работата на Заев, и да му ја формираат владата за раскусурување на државата.

Кога таа негова јавна објава се најде на страниците на „Република“, Ориѓански тргна во напад и закани. Секако, прво со обид да се оправда пред „слободарците и демократите“, кои веројатно му изреагирале, па Ориѓански самиот се пренесе што рекол и тоа копирајќи ги своите зборови напишани на кирилица од „Република“.

Веројатно и тоа било малку да ги убеди во центарот на „слободата и демократијата“ на улица Павел Шатев, поранешна Бихаќка, па Ориѓански потоа се дополни со тоа колку го сака Заев и неговата идеја. Не кажувајќи сепак колку чини неговата верба и верност за распарчување на државата, тој  не заборави и да додаде закани, „ќе завршите во корпа за отпадоци“.

Токму овој стил на закани е познат за „Република“. И еден од веројатните ментори на Ориѓански и неговата тајна полициска работа, Иван Бабановски, за потсетување влета во „Република“ со смртни закани за „крај на Дрисла“ заради објавени документи за неговата активност.

Идејата за „Слободна и Модерна Македонија“ која го восхитува и Ориѓански како и другите некогашни полициски соработници, веројатно не подразбира и слободата на информирање, за пренесување на јавно кажаниот збор или било каква критика или несогласување со нивната, најмалку, политичка идеја. За нив „Слобода и Демократија“ се едноумието, систем во кој се градени токму под палката на менторите на актуелните разнебитувачи на се што значи македонско.

Коментари

Популарно