(ВИДЕО) НАПАД ВО ВОЗ: Навредувал муслиманки и убивал

Двајца мажи се избодени до смрт додека се обидувале да заштитат две муслиманки од напаѓачите, кои ги малтретирале во возот во Портланд, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил вчера попладне, во пресрет на почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан, кога напаѓачот Џереми Џозеф Кристијан почнал да ги навредува жените на верска и национална основа.

Тројцата мажи се вмешале да ги заштитам жените од насилникот, кој потоа ги избодел со нож. Двајцата починале од здобиените повреди. Еден од нив починал на лице место, а другиот во болница. Кристијан (35) е уапсен штом излегол од возот, наведе полицијата, пренесува Ројтерс.

Една од жените носела хиџаб. 

Коментари

Популарно