(ФОТО/ВИДЕО) НЕМАЛО ПОПАМЕТНА МИСИЦА ОД НЕА: Мис САД ќе ве остави подзинати и со убавината и со интелигенцијата

Кара има диплома по нуклеарна хемија и работи за Американската нуклеарна регулаторна комисија. Ќе ве изненади кога ќе ја чуете како зборува и со својот говор се издвојува од сите мисици кои сте ги чуле.

Кара Меколоу од Колумбија е новата Мис на Соединетите Американски Држави. Оваа 25-годишна девојка се разликува од сите мисици кои сте ги виделе досега не по убавината, тие секако сите се преубави жени, туку со нешто друго.

Кара има диплома по нуклеарна хемија и работи за Американската нуклеарна регулаторна комисија. Ќе ве изненади кога ќе ја чуете како зборува и со својот говор се издвојува од сите мисици кои сте ги чуле.

Во натпреварот за убавина, кој се одржа во конвенцискиот центар Манделеј Беј во Лас Вегас. таа победи во „трката“ за убавина  меѓу 50 преубави жени.

Меколоу ја освои публиката со конзервативните одговори на прашањата поврзани со политика и со фактот дека не ја исправа природно витканата коса.

Таа рече дека медицинската нега е „привилегија, а не право на секој човек“ и додаде дека за неа зборот „феминизам“ треба да се замени со „еднаквост“ бидејќи смета дека жените и мажите се еднакви кога станува збор за барање работно место во која било сфера.

Меколоу ја освои публиката со конзервативните одговори на прашањата поврзани со политика и со фактот дека не ја исправа природно витканата коса.

Прва придружничка е Мис Њу Џерси, а втора Мис Минесота.

Коментари

Популарно