(ВИДЕО) КАКО ТЕПА МАКЕДОНСКИ ВОИН: Даниел Стефановски за две минути го нокаутира противникот

Пред почетокот на дуелот, црномурестиот борач имаше мал сценски перформанс, претставувајќи се себе си како опасен тепач. Стефановски, пак, во рингот влезе без големи глумења.

Македонскиот воин, како што го најавуваат на почетокот од борбите, Даниел Стефановски за две минути успеа да го нокаутира црномурестиот Јану да Круз на Суперкомбат натпреварот кој се одржа во Мадрид, Шпанија. Борбата беше во категорија К-1, за натпреварувачи до 81 килограм.

Пред почетокот на дуелот, црномурестиот борач имаше мал сценски перформанс, претставувајќи се себе си како опасен тепач. Стефановски, пак, во рингот влезе без големи глумења. Тој само ги крена рацете во воздух, се прекрсти и застана во рингот.

Вистинскиот воин се покажа откако почна борбата. Стефановски му дозволи на противникот да го направи првиот напад. Тоа му беше тактички потег за да ја види силата, но и слабоста на противникот.

Штом помина првиот напад, следеше молскавичен одговор од Стефановски. Зададе повеќе силни удари, и едно силно колено во лице.

Набргу следеа уште удари, како и повторно колено во лице, со што црномурестиот „силен“ противник бргу се најде на подот. Победата на Стефановски беше изненадување, со оглед дека фаворит во дуелот беше Да Круз.

Ова е 5 победа во серијата Супер фајт која Даниел ја забележа со серија од рачни и ножни удари.

Коментари

Популарно