ВИДЕО: Почна изградбата на најголемиот оптички телескоп во светот - еве како изгледа

Почна изградбата на најголемиот оптички и инфрацрвен телескоп во светот во пустината Атакама во Чиле. Телескопот ЕЛТ (Extremely Large Telescope) ќе биде сместен на врвот на 3.000 метри високата планина Керо Армазонес, во регион во кој главно нема облаци.

ЕЛТ ќе собира 100 милиони пати повеќе светлост од човечкото око. Тежината на телескопот ќе биде 5.000 тони.

ЕЛТ е дело на експертите на организацијата ЕСО, која ги сочинува експертите од Европа и јужната хемисфера.

Коментари

Популарно