Џафери свика седница на Собранието на Р. Мекадонија: Утре ќе се гласа новата влада

СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

С О О П Ш Т Е Н И Е

Ве известуваме дека мандаторот за состав на Владата на Република Македонија, г. Зоран Заев, на 28.05.2017 до Собранието на Република Македонија, поднесе Предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.

            Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот, за избор на владата на Репулика Макединија

КАБИНЕТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Коментари

Популарно