Хаос на судењето за „Диво Насеље“

Судијката Верка Петковска ги отстрани од судницата сите обвинети во случајот Диво Насеље. Тие бурно реагираа откако беа одбиени предлозите на одбраната, за овој предмет да бидат сослушани поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков и други екс-функционери.

Одбраната бараше изземање и на судијката и Судечкиот совет. Се очекува денеска Кривичниот суд да ја обзнани одлуката дали друг судија ќе постапува во случајот.

Во случајот „Диво Насеље“ обвинети се 37 луѓе за тероризам и терористичка организација.

Во нападите на 9 и 10 мај пред две години во кумановската „Диво насеље“ загинаа осум припадници на МВР и десет припадници на вооружената група.

Коментари

Популарно