(ВИДЕО) И се смееа кога кажа дека е чуварка во затвор и што ќе пее: Потоа сите занемеа!

Приказната за Сем Бејли е доказ дека понекогаш навистина може да ги оствари своите соништа, а се започнало кога кон крајот на летото во 2013, мајката на две деца од Лестер и чуварка во затвор по занимање, се појави во „Х - фактор“ и сите ги остави без зборови со својот глас.

На првата аудиција, членовите на жирито скоро со потсмев ја гледале срамежливата Сем која најави дека ќе ја пее песната „Listen“ од Бијонси.

Дваесет секунди подоцна, истите судиите со неверување гледале во Сем која се претворила во „музичка ѕверка“ и покажа дека има глас кој ретко се среќава.

Погледнете како Сем ја пее „Listen“:

Но, тука не се завршува приказната за скромната Сем и таа продолжила со фантастичните настапи и на крајот победи на „Х - фактор“.

Коментари

Популарно