ФОТО: (Не) забрането пушење во клиничи центар

На комплексот клиники ‘‘Мајка Тереза‘‘, поточно во хируршкиот центар пушењето не е забрането. Преку фотографиите кој ни ги испрати читател и неговото сведочење на самите скали во клиниката нема никаков проблем да се запали цигара.
-Тоа го прават сите, пациенти, посетители и медицински персонал. Дури имаат ставено и шишиња со вода каде може да ги гасат цигарите. Страшното е тоа што самите луѓе дури одпушоците ги фрлаат на подот без да ги изгасат и така оставени горат.- изјави анонимниот испраќач.
Се надеваме дека новата влада ќе биде поригорозна по ова прашање и ќе најде решение за сите пушачи кој мора да бидат таму.
 

Коментари

Популарно