ФОТО: Жешко на Ролан Гарос - Линдзи Вон покажа се

Како што големиот тениски Грен слем турнир „Ролан Гарос“ се ближи до крајот, ни пристигнуваат едно по едно изненадувања. Меѓутоа, за најновиот скандал во Париз не е заслужен никој од светот на тенисот, туку една скијачка.

Линдзи Вон (32), некогашниот светски првак во алпско скијање, во друштво на нејзиното момче Кенет Смит го посетила Отвореното првенство во Париз, и тоа во какво издание! Таа се појавила, благо речено, во несоодветна комбинација – во тесна темносива деколтирана блуза и свилено здолниште со неверојатно длабок шлиц.

Било тешко да се гледа Линдзи како се бори со облеката која самата ја одбрала, па прашање е колку видела од она што се случуваше на теренот помеѓу Стен Вавринка и Енди Мареј. Сепак, таа не запрела тука, туку во исто издание гостувала и во познатата емисија „Гем, сет, меч” кај поранешниот тенисер Матс Виландер.

Коментари

Популарно