ШОК - Лепа Брена со години имала тајна врска

Како што е познато, фолк дивата Лепа Брена заплови во љубовните води уште во 1986 година кога таа влезе во љубовна врска со Боба Живоиновиќ.

Пет години подоцна, тие ја официјализираа својата врска и стапија во брак во 1991 година.

Вистинскиот шок пред некој ден приреди пејачката Весна Вукелиќ - Венди која на шоуто Фарма откри дека Лепа Брена била во тајна врска со директорот на Гранд, Саша Поповиќ.

Таа кажа дека Боба од Саша ја "украл" Лепа Брена. Брена и Саша биле во врска седум години, а на крајот тие станаа и најдобри пријатели, а покасно и кумови.

На тоа таа додаде дека на почетокот на нејзината кариера, гледала како Саша му правел Кафе на Бобо, како тоа да е најнормална работа, и како претходно ништо да не се случило. 

На ваквата нејзина приказна никој од учесниците не и поверува, но сепак одредени фанови поверуваа во приказната и бурно реагираа на неа.

Коментари

Популарно