ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО: Саша Ковачевиќ VS. Дејвид Бекам во сладок дуел!

Саша Ковачевиќ и Дејвид Бекам ќе си ги одмерат силите на терен или на сцена?! Сладок дуел со кој беше предизвикан белградскиот заводник Саша Ковачевиќ од страна на неговиот близок пријател и соработник Боби кој е сигурен дека за 3 години Саша ќе го надмине Бекам, во сите параметри кога е во прашање убавината, кариерата, парите, животниот стил и секако жените за кои не се ни сомневаме.

Предизвикот беше пренесен на неверојатно оригинален и сладок начин преку прекрасна голема торта креирана од Салонот за слатки „Magic Cake“ и слаткарскиот гуру Катерина Алексовска. На тортата е запишана и годината 2020 до кога Саша има рок да ги исполни сите параметри кои му ги постави неговиот пријател Боби.

Совршен подарок и совршени желби кои може да ги посака вистински пријател. Предизвикот го стартуваа со едно големо магично парче торта. Среќно Саша!

Коментари

Популарно