Една недела пред свадбата: Еве каде Бали Бег и вереницата ќе го поминат медениот месец!

Еден од најпопуларните турски актери кој стекна голема популарност, Бурак Озџивит, познат како Бали Бег на 29. јуни ќе го каже судбоносното „да“ со својата колешка Фахрије.

Додека се спрема раскошната свадба која ќе се одржи во величествената историска палата од крајот на 19. век позната како Саит Халим пашина вила, сместена на самата обала на Босфорот на европската страна на Истанбул, идните сопружници испланирале и романтично брачно патување.

Ден после свадбената церемонија на која ќе присуствуваат околу 500 гости, младенците ќе отпатуваат на меден месец. Дестинацијата според нивните желби е и една од најпопуларните меѓу познатите, со оглед на убавината која таму ги очекува, не е ни чудно што се одлучиле медениот месец да го поминат таму.

Бурак и Фахрије првите денови од бракот ќе ги поминат на преубавите Малдиви. Поради бројните работни обврски на ова патување ќе поминат само четири дена, кога ќе мора да се вратат во Турција и актерот да продолжи со работата на неговите проекти.

Иако имале понуда од спонзори да им ја финансираат свадбата, која е главна тема во Турција, парот одлучил дека од својот најважен ден нема да прави сензација за јавноста и маркетинг, па гламурозната прослава ја организирале на сопствен трошок.

Коментари

Популарно